| четврток, 6 декември 2018 |

Шундовски и Мојсовски му ја донесоа првата титула на ЧСМ Букурешт во историјата!

csm bukurest

Македонскиот ракометен стратег Звонко Шундовски и интернационалецот Наумче Мојсовски, со тимот на ЧСМ Букурешт го освоија Купот на Романија. Во вечерашното финале, ЧСМ Букурешт славеше над Стеауа со 27-24, што е прв трофеј во историјата на клубот.

Наумче Мојсовски беше еден од најдобрите во победничкиот тим на ЧСМ Букурешт, а во финалето беше стрелец на пет гола. На полувремето и двете екипи заминаа без предност (11-11), но во вториот дел составот на Звонко Шундовски покажа повеќе и заслужено го освои пехарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top