| четврток, 6 декември 2018 |

Бундеслига: Леверкузен се проби до третата позиција, Волфсбург остана без ЛШ (видео)

Во рамките од 30.коло од Бундеслигата денеска во терминот од 15.30 часот се одиграа стандардно пет натпревари.

Баер Лервекузен со убедливата победа од 3-0 против Франкфурт, Баер Леверкузен се проби на третата позиција на тебелата.
„Фармацевтите“, притоа, го искористија и киксот на Херта која загуби со 2-1 на гостувањето против Хофенхајм, за пробив на табелата веднаш зад Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Баер до триумфот дојде во последните 20 минути од средбата. Прв ја начна мрежата на Ајтранхт Кемпл во 70. минута и донесе водство од 1-0, а потоа стрелаа и Брандт во 76. минута и Белараби во 90. минута од средбата.

Иако пред неколку дена беа на прагот на голема сензација во обидот да го елминираат Реал Мадрид во Лигата на шампионите, екипата на Волфсбург следната сезона нема да игра во најелтното натпреварување во Европа. Денеска во натпревар во кој изобилуваше со голови, Волфсбург загуби на гостувањето кај Вердер Бремен со 3-2. По нерешените 1-1 по првите 45 минути, Вердер го реши натпревар во вториот дел и сега има само два бода помалку од Штутгарт, кој со денешниот пораз од Аугсбург остана на 33 бода и е 15-то пласиран, последното место кое обезбедува опстанок.

Бундеслига, 30-то коло:

Аугсбург – Шттугарт 1-0
Вердер – Волфсбург 3-2
Дармштад – Инголштад 2-0
Хофенхајм – Херта 2-1
Леверкузен – Франкфурт 3-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top