| четврток, 6 декември 2018 |

Деканот Давитковски да ги сопре дискриминацијата и насилството на Правниот факултет

borce-davitkovskiВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ги осуди сите обиди да се повредуваат индивидуалните права, дури и кога тоа се прави под превезот на наводен револт на студентите.

-Тоа што деновиве и се случува на професор Тања Каракамишева на Правниот факултет е класична дискриминација и насилство врз неа само заради искажано сопствено професионално мислење и сопствен став. Професорката Каракамишева е жртва на закани и навреди, само заради тоа што не го зборува тоа што неколкумина студенти сакаат да го слушнат. Професорката Каракамишева е насилно попречувана во својата работа, само заради тоа што говори различно од професорите Фрчкоски и Павлова-Данева- се наведува во партиското соопштение.

Уште пострашно во целата ситуација е тоа што Деканот на Правен факултет, Борче Давитковски неколку дена не презема ништо и не постапува по барањата на професор Тања Каракамишева за да и бидат овозможени услови за работа како и на останатите професори, анализира ВМРО- ДПМНЕ.

Владеачката партија апелира Давитковски да покаже дека е недозволиво некој да биде дискриминиран и навредуван само заради искажан став кој не им се допаѓа на малкумина. Тоа е негова обврска и кон професорите, но и кон сегашните и идни студенти на Правниот факултет, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top