Претседателот на Атлантскиот совет и познат аналитичар Ариел Коен, анализирајќи ги состојбите предизвикани со бегалската криза и актуелните политички случувања вели дека бојкотот на изборите не е во интерес ниту на САД, ниту на ЕУ, ниту на Македонија.
Неговиот став е дека треба да и се помогне на Македонија. Треба да има избори кои би поминале во најдобар ред. Тој смета дека во моментов Македонија се соочува со две закани.
Првата е надворешна преку јужната граница каде од Грција навлегуваат мигранти, од кои дел може да се и сериозна закана како поранесни членови на ИСИС или Ал Каеда, а втората е внатрешна, каде се соочува со дестабилизација од сопствената опозиција
-Другиот проблем во Македонија е што е дестабилизирана од социјалистичката опозиција. Изненадени? Зоран Заев, лидерот на опозицијата, бега од избори. Наместо да оди на избори, сака да ги саботира изборите и да ги бојкотира. Ова не е во интерес на Америка, на Европа и на Македонија. Не им помагаме со компјутери, биометрика и така натаму, не им помагаме да се справат со бегалците. А ако на овие земји им се дозволи да се распаднат поради внатрешните конфликти, како што ги има на неколку места, пример во Македонија и економскиот хаос во Грција, тоа не е во наш интерес, заклучува Коен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)