| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Путин ќе каже – за еден ден асфалтирани 4.000 квадратни метри патишта

За само еден ден поправени се патиштата во еден сибирски град, измамените рибари ги добиле парите, чудото од дете повикано е во кримскиот летен камп.

Сето тоа го овозможила една телевизиска емисија во која граѓаните за своите проблеми му се пожалиле на рускиот претседател Владимир Путин.

Во првиот повик во телевизиската емисија „Директна линија“, во која Путин вчера одговараше на прашањата на граѓаните, жител на сибирскиот град Омск се пожали за состојбата на патиштата.

До утрото, локалните власти соопштиле дека се поправаат патиштата во сите градски делови. На видео снимките прикажани на телевизија се гледа како работниците поставуваат асфалт.

Градските власти на Омска за само еден ден асфалтирале 4.000 квадрати патишта, потрошувајќи 370 тони асфалт и 700 тони други материјали.

Еден од проблемите кои граѓаните го изнесоа пред Путин беше и непостоењето на затворено клизалиште во градот Биробиџан, на крајниот исток на Русија, за потоа гувернерот пред локалните медиуми да изјави дека уште денес ќе се состане со младите спортисти за “лично“ да види со какви проблеми се соочуваат.

Група рибари во обраќањето до Путин преку видео линк од островот Сахалин наведоа дека минатата година работеле во услови слични на ропство и дека сега им должат милиони.

Заменикот на главниот обвинител веднаш заминал во Сахалин, а локалниот гувернер после емисијата се сретна со работниците. Директорот на компанијата Алексеј Попов, пред телевизиските камери им се извини на работниците, тврдејќи дека не знаел дека не се платени, а потоа на секој работник му дал по 20.000 рубљи (300 долари).

Проблемот на осумгодишното дете Илија Рајевски исто така е решен откако му се пожали на Путин дека не може да биде примен во летните кампови за талентирани деца во Сочи и Крим бидејќи е премногу мал.

„Илија, тоа е страшна грешка. Тоа покажува дека луѓето задолжени за тоа не биле чудо од деца. Ќе го исправиме ова“ – му рече Путин.

Неколки часа подоцна, детето доби повик од министерството за образование и го избра камп во кој ќе оди.

Кремљ денеска ги пофали напорите на локалните официјални лица за одговорите на сите тие жалби.

„Внимателно се следиме. Не треба да се демонизираат државните агенции и официјалните лица. Лугето ја работата својата работа, но некогаш не успеваат во тоа, има многу одговорност и треба многу да се направи. Тоа што е важно е волјата работите да бидат поправени“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top