| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендираните репрезентации ќе си организираат свое Европско првенство?!

spanija kosarka basket

Расколот во европската кошарка го доживеа својот врв, па така Македонија и уште 13 други земји се суспендирани поради непочитување на начелата на ФИБА. Се работи за конфликтот на релација ФИБА – Евролига и Еврокуп, а Македонија доби суспензија затоа што еден клуб (МЗТ Скопје Аеродром) даде согласност да игра во АБА – лигата. Но, на глобално ниво, освен Македонија, суспендирани се и репрезентациите на земји со огромна традиција во кошарката, а се појавија гласини и размислувања дека тие би можеле да си организираат свое Европско Првенство, надвор од ФИБА.

Шпанските медиуми најавуваат дека би можела да се формира нова ореганизација, која ќе се одвои од ФИБА и ќе организира свое посебно натпреварување, кое несомнено би било поквалитетно од ЕП на ФИБА, доколку излезат сите „суспендирани“ селекции. Се работи за Шпанија, Србија, Хрватска, Турција, Русија, Грција, Литванија, Италија, Израел, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top