Истрагата околу свирепото убиство на Јелена Марјановиќ (33) се базира на пронаоѓањето на палката со која со повеќе од 20 удари по главата беше усмртена српската пејачка.
Иако вчера повторно бил исушен дел од каналот во Борча, каде што беше пронајдено безживотното тело на ѕвездата на „Гранд“, оружјето се уште не е прнајдено. И по две недели од убиството кое го потресе Балканот, нема осомничени.
– Убиството е долго планирано и тоа до најситни детали. Не би не чудело ако убиецот веќе се oслободил од дрвениот предмет, го искршил на делови и го запалил. Истрагата е во тек и затоа сите правци мора да се проверат. Но, ако инспекторите со сигурност знаеја дека оружјето е уништено, немаше два дена да го пребаруваат местото. Сепак, и понатаму се се врти околу семејтвото Марајновиќ, полицијата го истражува секое нивно движење на дента кога Јелелна е убиена – вели за „Ало“ извор близок до истрагата.
Во полиција на сослушување била доведена и поранешната сопруга на Зоран, Сања П., според која тој бил грижлив и прекрасен сопруг, но се разведиле бидејќи љубовта им згаснала.
– Никогаш не бил груб и тврдам дека не ја уби Јелена, бидејќи ја сакаше премногу – рекла таа во изјавата за полицијата, открива изворот на „Ало“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија