| четврток, 6 декември 2018 |

Познаниците на Марјановиќ тврдат: Јелена се караше со свекрвата

По стравотното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ  , познаниците тврдат дека семејните односи помеѓу  домашните биле далеку од идеални.

zorica-marjanovic-jelena-marjanovic-1460740548-887251

-Јелена и  свекрва и во принцип добро се слагаа, но имаше моменти кога жестоко се расправаа. Мој пријател бил присутен на една нивна расправија и ми кажа дека во караницата се вклучиле  сите домашни членови и расправијата била жестока и со тешки навреди – изјавил извор близок до семејството Марјановиќ за  медиумите.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-nebojsa-rojko-ubistvo-ubijena-1460229024-883003

Во белградската полиција е сослушана и Сања, поранешната сопругана Зоран Марјановиќ и што е уште поинтересно  сослушана е и кумата Вера која не се дели од семејството Марјановиќ.

-За време на разговорот со поранешната сопруга на Зоран  сакавме да дознаеме каков брак таа имала со него и дали тој бил насилен, како и дали има било какви сознанија за овој злостор. Таа во таа прилика помеѓу другото изјавила дека Јелена ја познавала од порано додека се уште била во брак со Зоран и дека нема никакви сознанија и никакви сомнежи во врска со овој злостор. Нивната кума Вера исто така била сослушана о својство на граѓанин, а нас не интересираше колку е упатена во семејните односи на Марјановиќ, со оглед дека секојдневно е со нив – кажал извор од истрагата.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-1460145318-882557-1-520x351

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top