| четврток, 6 декември 2018 |

Хулиганите под директива на Заев и СОРОС ја демолираа Порта Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Сорос и СДСМ во друштво на нивните невладини организации, граѓански активисти, симптазери на опозицијата вечерва се собраа пред Специјалното јавно обвинителство со цел да пристигнат пред Собранието на Република Македонија. Толпата беше спречена од полицискиот кордон да се приближи до зградатана Собранието, па ја промени рутата и се упати кон Владата. Поминувајќи низ Портата Македонија хулиганите и вандалите поттикнати од СДСМ и поддржани од СОРОС ја оштетија „Порта Македонија”.

Овој вандализам не е прв. Откако се на улиците, симпатизерите на СДСМ и СОРОС ја демолираа Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија на Рекорд и фрлаа јајца кон зградата на Владата. Денес на списокот на хулиганите се најде и Порта Македонија.

70b220655547f91e861baf4f4f6a65785c6a60176189d1b8805738b68c96a523

Агресивното и насилно однесување резултира со сериозно оштетување на зградата – со разни бои и јајца гаѓаа додека поминуваа и извикуваа „Грда ви е портата“.

porta-3-768x432

Дали е ова само почетокот на спроведување на сценариото кое го најави ексминистерот на СДСМ Љубомир Фрчковски за уривање на споменици од проектот 2014, останува да се види.

Операцијата Француски клуч мора да расчисти некои од најлошите споменици во Скопје 2014 кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување, пишуваше Фрчковски во својата колумна.

porta

Додека хулиганите и деликвентите на СДСМ ја нагрдуваат Порта Македонија, јавноста ја памети како симбол на успехот на нашите спортски репрезентации.

triumfalna

Галерија: Што остана зад хулиганите на СДСМ и СОРОС

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top