| четврток, 6 декември 2018 |

Само СДСМ против: ДИК одлучува дали Македонија е подготвена за избори

Независниот експерт кој членува во ДИК, Атанас Урумов, на почетокот од денешната седница предложи членовите на ДИК со гласање да одлучат дали постојат услови за избори.

dik-1

-Пред почетокот на седницата имавме состанок со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав. Тие од нас побараа концизно да се произнесеме дали има услови за избори на 5ти јуни па предлагам да се произнесеме овде на јавна седница и пред нив и пред граѓаните, рече Урумов.

Неговиот предлог беше изгласан со 7 гласа за и 2 против, што значи точката е ставрна на дневен ред. Во текот на вечерта се очекува одлука. Без образложение, против тоа ДИК да се изјасни дали има услови за организирање на избори на 5ти јуни гласаа само претставниците на СДСМ во комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top