Припадници на српското Министерство за внатрешни работи денеска уапсија 49 лица осомничени за повеќе корупциски дела, а пред се за злоупотреба на службената положба во државните органи, а по две лица е започната интензивна потрага.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека против 25 луѓе полицијата поднела кривични пријави во редовна постапка. Сите овие лица од 2007 година досега извршиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија, повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7,6 милиони евра, истакна Стефановиќ.
Тој нагласи дека меѓу уапсените, во повеќе градови во Србија, се наоѓаат раководители вработени во Даночната управа при Министерството за финансии, некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локални самоуправи, јавни претпријатија, Патишта на Србија, Српски пошти, ЕлектроКосмет, како и 12 сообраќајни полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.