| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт во убиството на Јелена-пејачката ја убил затвореник кој бил во тајна врска со неа?

јелена

Нова неверојатна почна да кружи во врска со убиството на Јелена Крсмановиќ, според која пејачката ја убил затвореник со кој наводно таа била во тајна врска.

Во затворот Забела, меѓу затворениците, веќе се шири оваа приказна. Затвореникот наводно бил во тајна љубовна врска со пејачката веќе некое време, а ја усмртил кога имал слободен викенд.

Времето на убиството се совпаѓа со овие податоци, бидејќи пејачката исчезнала во саботата навечер, а затвореникот, по оваа теорија, тој ден добил дозвола на два дена да оди дома. Бидејќи добро се познавале, бил упатен во нејзиното движење. Знаел каде трча, па лесно можел да ја сочека некаде покрај патеката и да го направи крвавиот пир.

Во теоријата на злосторството од страст се вклопува  големиот број на повреди кои и се зададени на Јелена, а мотивот се крие во тоа што таа на затвореникот му рекла дека и покрај врската што ја имаат, не сака да го остави мажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top