| четврток, 6 декември 2018 |

Пикерот на ЧСМ Букурешт Оана Манеа, шансите против Вардар ни се 50-50

Vardar-Bukurest-13-bg

И во Скопје и во Букурешт владее задоволство по денешната ждрепка со која беа одредени полудфиналните двојки на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. ЖРК Вардар ќе игра против ЧСМ Букурешт за место во големото финале во Будимпешта. Во второто полуфинале меѓусебе „ќе се чистата“ големите фаворити, Ѓер и Будуќност.

Оттаму и во ЖРК Вардар и во ЧСМ Букурешт се задоволни што ги избегнаа актуелниот и поранешниот шампион и во меѓусебната пресметка и едните и другите гледаат шанса да стигнат до првото европско финале.

– Сметам дека за нас ова е добра ждрепка. Шансите за пласман во финалето се 50-50. Во принцип, не сакам однапред да давам прогнози, победникот сепак се решава на терен. Единствено, сакав во полуфиналето да го избегнеме Ѓер. Во четвртфиналниот дуел со Ростов Дон се прикажавме во поинакво светло од она што го одигравме во групната фаза против ЖРК Вардар и мислам дека во Будимпешта се е можно – изјави по ждрешката, пикерот на ЧСМ Букуреш, Оана Манеа.

ЖРК Вардар и ЧСМ Букурешт сезонава одиграа два меѓусебни натпревари во главната фаза од ЛШ. И во двата меча вардарки славеа победа, на првиот во Скопје со 22-21, а потоа и на гостувањето во Букурешт со 25-30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top