| четврток, 6 декември 2018 |

Некогашната детска ѕвезда шокираше со признание (видео)

Кога поранешната детска ѕвезда Мекензи Филипс во 2009 година во шоуто на Опра Винфри признала дека цели 10 години била во инцестуидна врска со сопствениот татко, славниот музичар Џон Филипс, светот беше во шок – токму како и членовите на нивното семејство што за светскиот скандал дознале преку телевизија.

„Папа Џон“ од славната група „Мамас едн Папас“ починал осум години пред нејзиното признание, но тоа ги  потресло нејзните полусестри Чајна и Бижа, како и вдовицата на Филипс и поранешните сопруги.

Денес 56-годишната Мекензи во новото гостување кај Опра признала дека жали што ја објавила таквата вест.

dzon-i-mekenzi-filips-1460661115-85570

-Кога нашата тајна излезе на видело сè излезе од контрола. Но единствено што, всушност, би го сменила е начинот на кој моето семејство сето тоа го дознало. Требаше подобро да ги подготвам дека се јавно ќе обелоденам – кажала американската актерка и пејачка.

Во својата биографија Мекензи го опишала турбулентното детство, младоста и односот со татко и кој ѝ понудил кокаин кога имала само 11 години. Според нејзините зборови со години заедно се дрогирале, а во сексуална врска биле цели 10 години – од нејзината 19 година.

Врската ја прекинала кога останала бремена, а не била сигурна ниту кој бил таткото на бебето. „Папа Џон“ тогаш ѝ го платил абортусот.

mekenzi-i-dzon-filips-1460661176-85572

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top