Денес повторно беше „чешлан“ објектот во кој пејачката Јелена Марјановиќ (33) живеела со сопругот Зоран и неговото семејство.
Инспекторите и форензичарите од белградската полиција детално го претресле домот на убиената пејачка во Борча и земале прчиња облека и обувки од сите членови на семејството Марјановиќ. Заплениле и неколку парчиња алат, помеѓу кои се и оние за автомобил кои можеле да послужат како оружје.
Истрагата на злосторот трае веќе две недели, а полицијата се уште собира докази, не само од местото каде било пронајдено телото туку и од нејзиниот дом. Исечени се и дваесет метри гранки и растенија од двете страни на каналот во подножјето на насипот, во населбата Црвенка каде е пронајдено телото на младата жена. На помош на полицијата и се најдоа и работниците на „Србијашуми“ кои го исушуваат каналот во потрага на форензички докази.
-Имаме делумна слика на тоа што се случило , но се уште собираме докази, за да имаме цврст случај. Сметаме дека е убиена таму каде што е пронајдена. Обдуцентите кажаа дека е удрена осум до дванаесет пати со цврст предмет. Можно е дека е во прашање чекан, но и француски клуч, кујнски толчник за месо..Веруваме дека го познавала убиецот- наведува извор од истрагата.
Според досегашната полициска реконструкција, која не е конечна, Јелена се обидела да избега кога видела дека ќе биде нападната. Трчала преку каналот и паднала во вода. Држејќи се за растенијата се качила на другата страна но злосторникот ја стигнал и буквално ја вратил назад во водата,а тука иј а убил.
-Покрај каналот во близина на изорана нива е пронајдена нејзината патика полна со вода – наведува извор.
Истрагата дополнително ја комплицира „загадувањето“ на лице местото, односно многумина траги од полицајците, нејзините познаници, но и љубопитните луѓе кои го обиколувале каналот каде пронајдена. Тоа ја отежнува ДНК анализата и неопходно е времето за некои резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.