| четврток, 6 декември 2018 |

Радмановиќ: „Ако ОН го признае Косово, Република Српска ќе се одвои од БиХ“

Nebojsa-Radmanovic– Кога половината од членките на ОН ќе ја признаат косовската независност, Република Српска ќе смета дека е променет меѓународниот систем и дека тогаш ќе има право да се одвои од Босна и Херцеговина,порача преку РТС на РС, претседавачот со Претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, по повод честото повлекување паралели меѓу Република Српска и Косово.

Тој потсети дека парламентот на РС усвои декларација според која, кога половината од членките на ОН го признаат Косово, тогаш и РС ќе има право да се одвои од БиХ.  Радмановиќ, инаку, смета дека европскиот пат на БиХ не е замрзнат, како што неодамна, при посетата на Сараево, изјави европскиот комесар за проширување Штефан Филе. Еврокомесарот ја даде таа оценка како реакција на неможноста на партиските лидер во БиХ да се договорат за примена на пресудата на Европскиот суд за човекови права  во случајот „Сејдиќ-Финци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top