За нас Македонија е светост, за нас Македонија е се што имаме! Ние не можеме да прифатиме да ја урнисаат, беше порачано на мирниот протест на околу 20.000 граѓани предводени од ГДОМ.
Реки граѓани, или како што проценува организаторот ГДОМ околу 30.000, Македонци кои се собраа да искажат безрезервна поддршка на власта да ги спроведе изборите закажани за 5 јуни и гласно да кажат „не“ на аболицијата на крвниците на Македонија, се слеваат во кон седиштето на СДСМ.
Мирно, достоинствено и ненасилно, пеејќи родољубиви песни, пристигнаа на Бихаќка. Таму во еден глас ја пееја „Едно име имаме“ алудирајќи на тоа дека народот не помислува да профати промена на името, како што заговара СДСМ.
На другата страна, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ хулиганите на Заев се обидуваат да спроведат украинско сценарио. Тие и денеска удрија по полицајците, со дрва и со камења. Хулиханите и платениците на СДСМ и Сорос се собраа на протест пред Собранието, па се упатија кон Народната канцеларија на претседателот, истата таа која вчера ја запалија. Со фантомки на глава тие маваат со камења и запалени факели кон полицијата која е распоредена на плоштадот зад Рекорд.
Неколку полицајци се повредени во судирот со хулиганите и деликвентите на СДСМ вооружени со шок бомби, солзавец и пиротехнички средства.
Откако протестот почна мирно, дојде до судир и буткање. Демонстрантите почнаа да фрлаат со јајца кон полицискиот кордон кои не дозволи да се приближат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако денеска повика на ненасилство и мирен протест, Заев повторно излажа. Неговите хулигани и деликвенти брутално ги нападнаа силите на редот.
Информациите говорат дека поголеми количини на молотови коктели, солзавци и пендреци се забележани кај луѓето од СДСМ и СОРОС кои денес продолжуваат со протестите кои според реториката и очекувањата повторно ќе бидат насилни.
Многу од присутните пред Собранието се забележани со црни ранци. Во текот на вчерашниот ден имаше насилство од истите лица врз полицијата, брутално беше кршен инвентар и државен имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)