| четврток, 6 декември 2018 |

ИД пред колапс: Дали тоа ќе го реши проблемот со радикалниот ислам?

Пресудна улога во губењето на влијанието на најозлогласената терористичка организација на сите времиња имаа бомбардирањата на руското воено воздухопловство, како и на коалицијата против ИСИС, предводена од САД.

islamska-drzava-raka-beta-ap_f

ИСИС почна да губи големи делови од териториите и по значителната експанзија, џихадистите сега се во фаза на слабеење. Секако, пресудна улога за тоа имаат воздушните удари на Русија (кои им помогнаа на Сиријците да ја вратат контролата над Палмира и Ал-Карјатајн), како и бомбардирањата на САД (кои, на пример, им помогнаа на Ирачаните да го ослободат Рамади).

Факт е дека ИСИС го губи своето влијание во пограничното подрачје на Сирија со Турција, а тоа значи дека дојде крајот на експанзијата на ИСИС. Од почетокот на оваа година ИСИС забележува големи загуби, кои во Сирија некогаш се во корист на силите на Асад, а некогаш во корист на силите на опозицијата – сепак, најголемиот губитник е ИСИС.

Во јануари оваа година ИСИС ја загуби контролата над аеродромот Кверс во сириската провинција Алепо, како и дваесетина села и населби во околината. Во февруари ИСИС ја губи контролата и врз Шадади, а на почетокот на овој месец ја загуби и Палмира, како и градот Ал-Карјатајн.

Неуспесите на ИСИС продолжија и оваа седмица со поразот во градот Ал-Раи во северната провинција Алепо долж границата со Турција после жестоките борби со сириската опозиција. Имено, ИСИС моментално во Сирија се бори на сите фронтови и против сите – против опозицијата, владините сили и против Курдите.

Пресудни воздушните напади

Полковникот Мохамад Ал-Ахмад, протпарол на сириските бунтовници Ал-Шам вели дека поразите на ИСИС се како последица на малобројноста на нивните борци, но и слабата поддршка која што ја добиваат од народот.

Пензионираниот генерал, а денес стратешки аналитичар, Мамун Абу Номар вели дека Исламската држава сега се во фаза на слабеење при што значителна улога одиграле и воздушните напади на руското воено воздухопловство и западната Анти-ИСИС коалиција предводена од САД. Тоа придонело и за намалувањето на влијанието на ИСИС во Сирија и Ирак.


Поразот на ИСИС не носи стабилност

Моќта на ИСИС значително опаднала откако беа нападнати, односно кренати во воздух нивните нафтени постројки и цистерни со кои џихадистите шверцуваа нафта во Турција. Поради тоа, терористичката организација се најде во низа на финансиски проблеми, платите на борците беа скратени, а веќе не можат да регрутираат толку голем број на нови борци.

Аналитичарот Абу Новар вели дека доколку Исламската држава биде поразена, тоа нема да донесе стабилност во регионот затоа што во Сирија и Ирак се уште нема правда. Тоа поттикнува голем број на млади муслимани да ја прифатат радикалната идеологија и да се приклучат на радикалните терористички групи кои ги финансира Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top