| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена клучна трага – телото на Јелена фрлено во каналот еден ден по убиството?

јелена

Според најновите детали од истрагата, телото на пејачката Јелена Марјановиќ, која брутално е убиена в сабота, на 2 април, со 30 удари со тап предмет во главата, од кои два биле смртоносни, најверојатно во каналот на насипот во Црвенка е донесено еден ден по убиството, односно в недела, на 3 април, околу 8 часот наутро.

Според обдукциските наоди, нејзиното тело, кое е пронајдено во каналот, во вода било само три часа, пред да биде пронајдено, а останатите 17 часа било на некое друго место.

Ова значи дека монструмот се вратил на местото од каде што ја грабнал Јелена, а со самото тоа постои шанса да оставил некоја трага – рекол извор од истрагата.

Обдукцијата фрли сосема ново светло на целиот настан. Тоа што телото на жената било во вода само три часа, укажува на тоа дека таа, наверојатно, е грабната и убиена на друго место, а не во населбата Црвенка.

-Сега е јасно зошто нејзиното тело не било пронајдено порано, иако сите трагаа по неа. Клучно е да откриеме што се случувало во тие 17 часа и дали некој го видел автомобилот со кој е префрлена од една на друга локација – велат извори од истрагата.

Тревата и трските околу местото каде што е пронајдено телото се исечени. Во каналот се пронајдени нови траги, кои може да бидат траги од набрзина фрленото тело. Полицијата ги исекла гранките и ги пратила на форензичка анализа за да се види дали на нив има траги од ДНК – вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top