Утревечер со почеток во 19:30 часот, во ЕУ инфоцентарот предавање на тема „Тинтин на Балканот (нивните клишеа за нас и нашите клишеа за нив)” ќе одржи Горан Стефановски.
Во своето предавање авторот ќе зборува за културните и социополитичките стереотипи во односот меѓу Балканот и Европа. А ќе се осврне на клишеата и стереотипите формирани од страна на медиумите на примерот на стрипот Тинтин. „Авантурите на Тинтин” е стрипсеријал креиран од белгискиот стрипцртач Жорж Реми Ерже, еден од пионерите на европскиот стрип, кој стана познат токму како идеен творец на Тинтин млад репортер кој патува по целиот свет доживувајќи разни авантури.
Стрипот е еден од најпопуларните европски стрипови на 20 век, преведен на повеќе од 70 јазици и продаден во повеќе од 200 милиони примероци. Во едно од изданијата на серијалот, Тинтин и неговото куче Снешко ја посетуваат фиктивната балканска земја Силдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.