| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Стефановски утре ќе има предавање во ЕУ инфоцентар на тема „Тинтин на Балканот“

Утревечер со почеток во 19:30 часот, во ЕУ инфо­центарот предавање на тема „Тинтин на Балканот (нивните клишеа за нас и нашите клишеа за нив)” ќе одржи Горан Стефановски.

372110-tintin-na-balkanot-nivnite-klishea-za-nas-i-nashite-za-niv

Во своето предавање авторот ќе зборува за културните и социополитичките стереотипи во односот меѓу Балканот и Европа. А ќе се осврне на клишеата и стереотипите формирани од страна на медиумите на примерот на стрипот Тинтин. „Авантурите на Тинтин” е стрип­серијал креиран од белгискиот стрип­цртач Жорж Реми Ерже, еден од пионерите на европскиот стрип, кој стана познат токму како идеен творец на Тинтин ­ млад репортер кој патува по целиот свет доживувајќи разни авантури.

Стрипот е еден од најпопуларните европски стрипови на 20 век, преведен на повеќе од 70 јазици и продаден во повеќе од 200 милиони примероци. Во едно од изданијата на серијалот, Тинтин и неговото куче Снешко ја посетуваат фиктивната балканска земја Силдавија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top