За Зоран Заев аболицијата не е ништо ново. Во 2008 година, тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски го аболицира и тогаш за разлика од сега, Заев немаше ништо против. Аболицијата на Црвенковски, Заев ја прифати без да има апсолутно ништо против.
Во 2008 година, Зоран Заев не ја коментира одлуката на претседателот за аболиција велејќи дека тоа е негово уставно право. Не само што не ја коментира, туку премолчено ја прифаќа и поздравува.
-Аболицијата дадена од претседателот Црвенковски, нема да ја коментирам во јавноста. Tоа е сепак негово уставно и законско право, рече по аболицијата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На прашањето зошто не ја одбил неговата прва аболиција, Зоран Заев на гостувањето на Топ Тема одговори дека ја одбил.
-Јавно ја одбив во моите изјави, постојано континуирано, секогаш кога тоа сум имал можност да го кажам или било кој ме прашал, рече Заев.
По ова може да се заклучи дека единствено нешто континуирано што прави лидерот на опозицијата е континуирано да ја лаже и да се обидува да ја манипулира македонската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)