| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ ги повика граѓаните на протест против одлуката за аболиција на Заев и Верушевски

пандовГраѓанското Движење за одбрана на Македонија повика на протест против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски. Во изјава за ТВ Нова, аналитичарот Александар Пандов ги повика сите слободоумни граѓани да излезат на протест за да го искажат револтот против одлуката за помилување на Заев и Верушевски.

-Во оваа прилика би сакал да ги повикам сите слободоумни луѓе во Македонија, на истово ова место во 18:30 под името на Граѓанското движење за одбрана на Македонија да се собереме и нај јасо и гласно да го искажеме нашиот протест и револт против одлуката да бидат помилувани поточно аболицирани Зоран Заев и Зоран Верушески, порача аналитичарот Александар Пандов, во гостувањето на Тв Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top