Сергеј Лазарев некое време лежел на сцената без да се помрдне, а сите мислеле дека тоа е дел од кореографијата. Рускиот претставник за овогодишната Евровизија, Сергеј Лазарев, се срушил на сцената во текот на настапот во живо во Санкт Петербург.
Присутните останале во шок мислејќи дека тоа е дел од сценскиот настап, а потоа панично притрчале и го изнеле надвор. Сергеј во моментот го зазима првото место во кладилниците и има најголема шанса за победа на Евровизија, но неговото тело изгледа не е спремно за толкав напор. Популарниот рус по настанот се огласил на својот Инстаграм профил, пишувајќи дека е шокиран од тоа што се случило и дека не му е јасно зошто неговото тело така се однесува како и дека е исцрпен од стрес. Сите настапи оваа недела, каде што требаше да заземе учество се откажани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)