Претседателите на Словенија и на Хрватска Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, кои престојуваат во посета на Македонија, денеска ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.
Двајцата претседатели се очекува да имаат средба и со полицајците од Словенија и Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница во справувањето со мигрантите.
Претседателите на Словенија и на Хрватска од вчера престојуваат во посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.