Словенечкиот претседател Борут Пахор разговарал по телефон со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како и со неговата сопруга Меланија Трамп, родена Словенка и ги повикал да ја посетат Словенија.
Како што е наведено во соопштението од кабинетот на претседателот на Словенија, Пахор вчера во разговорот изразил желба за воспоставување блиски лични врски меѓу новата американска администрација и Словенија, пренела Хина.
Наведено е дека Пахор му честитал на Трамп на победата на изборите и го повикал да ја посети Словенија, како и дека новиот шеф на Белата куќа го замолил да му пренесе најубави желби на словенечкот народ.
Во соопштението е наведено дека Пахор имал и срдечен разговор со сопругата на Трамп и идната прва дама на САД, како и дека во лично и името на својата сопруга Тања им посакал се најдобро и многу успех.
Словенечкиот претседател во младоста и самиот, исто како сопругата на Трамп се занимавал со манекенство. Инаку Пахор важи за најпопуларен словенечки политичари, и денес е еден од најискусните иако е само седум години постар од Меланија Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.