Активистите на СДСМ и на Сорос продолжуваат со насилството и со дивеењето по улиците. Вечерва протестантите предводени од лидерот на СДСМ Зоран Заев и највисокото партиско раководство повторно удрија по полицијата која не применува сила.
Ваквото однесување е честа слика на опозициските демонстранти. За потсетување, на почетокот на мај минатата година во протестите пред Владата што ги организираше опозицијата поддржана од невладините на Сорос повредени беа 38 полициски службеници.
Многубројните фотографии и видеоснимки кои се појавија сведочеа дека полицијата беше брутално нападната од демонстрантите со безброј тврди предмети, меѓу кои камења и шипки. Хулиганите се обидоа да ги повредат и полициските службеници со контејнер. Сценарио познато видено, сценарио кое активистите на СДСМ и на Сорос продолжуваат да го спроведуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)