| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Избори на 5 јуни ќе има

Изборите закажани на 5 јуни ќе се одржат во секој случај, вели во интервју за Радио Слободна Европа еврокомесарот Јоханес Хан. Тој додава дека е важно како тие ќе бидат спроведени за да бидат признаени од меѓународната заедница.

johanes-han-640x360

-Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според Уставот на поранешната југословенска Република Македонија. Сега кога Парламентот е распуштен, тие ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евро-атлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот од јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација.“ – вели Хан за РСЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top