Новинарот на телевизија Нова Ѓорѓе Камов вечерва бил удрен со камен од демонстрантите кои протестираа пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов која се наоѓа на Рекорд.
Лицата кои протестираа, со јајца, камења и други тврди предмети ја демолираа народната канцеларија на Иванов. Еден од камењата на хулиганите завршил во рамото на новинарот на ТВ Нова, кој стоел пред полицијата заедно со останатите новинари.
По протестот пред канцеларијата на претседателот, демонстрантите се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а оттаму заминаа пред Владата каде им се придружи и лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со поголем делод раководството на партијата. Воедно, Заев на денешната прес конференција најави излегување на улица и организирање на протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.