Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево изјави дека со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е извршен државен удар и се погазени Уставот, законите и Договорот од Пржино. Тој побара Иванов да си поднесе оставка, а претседателот на Собранието да свика седница и да покрене постапка за негово отповикување. Според него, Иванов денеска станал директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија. Во името на целата демократска и правдољубива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница. Криминалците да одговарат за криминалот, невините да имаат можност да ја докажат својата невиност. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не ја прифаќа одлуката на Иванов и оти не сака воопшто да биде аболициран, ниту помилуван. Ниту барав, ниту прифаќам амнестија. Не сме сите исти и не сме сите криминалци. Јас сум невин и својата невиност сакам да ја докажам на суд низ соодветна процедура. Не сакам воопшто да бидам аболициран ниту помилуван. Не ја прифаќам оваа одлука рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


