| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Фокс го покажа бременото стомаче, но не кажува кој е таткото

29-годишната актерка Меган Фокс минатата вечер во Лас Вегас го прошетала бременото стомаче и покажала дека е во поодмината бременост. На атрактивната актерка ова ќе ѝ биде трето дете, а со оглед дека минатата година се раздели со сопругот и разводот е во тек, фановите веднаш почнаа да шпекулираат – кој ли е таткото?
02-megan-fox-03

Актерката минатата вечер на CinemaCon во Лас Вегас се прошетала во тесно и кусо „Версаче“ фустанче и ги решила сите дилеми – дефинитивно е бремена. Меган Фокс веќе има два сина, Ноа (3) и Боди (2) со актерот Брајан Остин Грин (42), со кој моментално е во бракоразводна парница.

Тие двајца минатата година објавија дека дефинитивно се разделуваат, а во август поднеле документи за развод. Сепак, велат дека останале блиски пријатели и често поминуваат време заедно.

Во неколку наврати, медиумите шушкаа дека тие двајца би можеле да се смират бидејќи изгледаат многу блиски, но сè остана само на шпекулации. Но, стомачето на актерката сега фрла ново светло на работите.

Портпаролот на атрактивната актерка сè уште не се огласил, па на фановите им останува само да погодуваат кој ли е таткото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top