| четврток, 6 декември 2018 |

Владејачката коалиција: Изборите ќе се одржат на 5 јуни, програмата е подготвена

Изборите ќе се одржат на 5 јуни, како што е предвидено со распуштањето на Собранието и вметнато во Уставот и законите.

gruevski-slika-640x360

Ова го истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски по денешната средба со лидерите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.

Средбата ја оцени како отворена и продуктивна, на која се разговарало за заедничкиот настап на изборите кои претстојат и најави дека програмата се финализира и ќе биде готова и промовирана за неколку дена.

Поповски потенцира дека партиите ги охрабруваат сите политички чинители да земат учество во изборите на 5 јуни, каде граѓаните ќе одлучат.

Тој уште еднаш потврди дека нема да се дискутира за датумот на изборите, бидејќи истиот е потврден.

И коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ испратија порака дека се подготвени за изборите на 5 јуни и ја повикуваат опозицијата да пристапи сериозно кој овој процес.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, истакна дека оваа агонија предолго трае и штета трпи стопанството и граѓаните и потенцира дека политичките партии кои сакаат да избегаат од избори всушност бегаат од соочување со волјата на граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија исто така работи на подготовка за изборите и апелира сите политички партии сериозно да пристапат кон изборниот процес и дека на 5 јуни на тој начин ќе се одржат фер, демократски и кристални избори.

Владанка Авировиќ апелираше до опозицијата да ги преиспита своите одлуки и да го разбере значењето на овие избори.

Од партијата ПОДЕМ апелираат дека граѓаните со изборите на 5 јуни очекуваат да се стави крај на заложничката состојба во која беше втурната Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top