Центарот за дизајн и иновации “Јавна соба” вчера почна кампања за зголемено користење на велосипеди во градот Скопје.
– Сите они кои ќе ја посетат “Јавна соба” со велосипед во текот на 2016 година ќе бидат наградени. Целта на оваа кампања е да се поттикнат сите геренации на граѓани да користат велосипед како превозно средство. Трендот на рекреативно користење на велосипед во Скопје е евидентно зголемен. Тоа се забележува за време на викендите, особено кога и помлада и постара популација го користи убавото време за да се рекреира во паркови, на Водно, но и до подалечни дестинации – велат од „Јавна соба“.
Скопје како град има одличени предиспозиции за користење на велосипед во секое време од денот и било кој период од годината. Велосипедот го олеснува движењето, се избегнува сообраќајниот метеж и овозможува подобро планирање на сопственото време и има голем позитивен импакт врз нашето физичко и ментално здравје. Фактот дека не загадува не треба дури и да се споменува.
– Масовноста на користење на велосипед ќе влијае секако и кај локалните власти да ја подобрат инстрастуктурата и сигнализацијата на улиците низ градот. Од тие причини сите посетители во Јавна соба ќе бидат наградени со попуст на целокупниот асортиман на услуги и производи. Кампањата за користење на велосипед како превозно средство ќе трае во текот на целата година – додаваат од „Јавна соба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.