Двајцата тенисери повеќе не се во добри односи, а тоа што Ана му го стори на Новак тоа јасно и го покажа.
Венчавката на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер е планирана за 5 јуни во Белград. Тоа што особено го привлекува вниманието е кој од познатите колеги на српско – германската спортска двојка ќе дојде, а кој нема да присуствува на нивниот најубав ден.
Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на извори блиски до тениските ѕвезди во хотелот „Плаза“ во Белград помеѓу званиците нема да биде Новак Ѓоковиќ, но на свадебната веселба ќе се појави Енди Мареј.
Сите мисела дека Ана и Новак се добри пријатели, меѓутоа по се изгледа дека и не е баш така. Српската тениска убавица решила да не го покани Ѓоковиќ, што некој и го протолкуваа како доказ дека помеѓу нив одамна владее нетрпение.
Доколку и поверуваме на оваа торија и го вратиме времето малку наназад ќе се потсетиме дека ниту најдобриот српски тенисер не ја покани Ана на неговата свадбена веселба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.