Германските власти планираат да го ограничат движењето на автомобили опремени со застарени дизел-мотори. Се очекува одлуката да биде донесена до крајот на годината, пишува Фокус.де. Идејата има цел да го стимулира купувањето на електрични возила. Мерките ќе влијаат на возилата опремени со мотори кои ги исполнуваат стандардите пониски од Евро 5.
Тоа значи дека на патиштата нема да се движат автомобили кои трошат повеќе од 80 грама азотен диоксид на 100 км. Овој стандард е задолжителен за сите автомобили со дизел-мотори произведени по 2015 година.
Во моментов во Германија се продаваат речиси три милиони нови автомобили годишно, а половина од нив се со дизел-мотори. Според истражувањата, само една третина од германските автомобили со дизел-мотори на патиштата на земјата одговараат на стандардот Eвро 6.
Издувните гасови од дизел-моторите, штетните честички и азотните оксиди се причина за околу 10 илјади смртни случаи годишно во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.