Две поголеми групи на мигранти утрово се степале на железничката станица во Идомени, а во тепачката е запален и вагон од композицијатаа што Грчката железница им го дала на бегалците да го користат како место за преноќевање.
Руската телевизија Раша тудеј објави видео, на кое се гледа како гори вагон од возот.
Голема група бегалци го каменувале возот во кој преспиваат и живеат цели семејства. Засега нема официјални информации за тоа колкумина се повредени. По интервенцијата на грчката полиција, ситуацијата е ставена под контрола.
По инцидентите во неделата кога мигрантите се судрија со македонската полиција дел од медиумите јавуваат дека има дојава за нов можен протест во кампот кај Идомени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра