| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Лам донел одлука, се повлекува за две години?!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Филип Лам, објави дека ќе замине во пензија по завршувањето на неговиот актуелен договор со клубот, во јуни 2018 година. Тој пред две години се повлече од националниот тим на Германија, истакнувајќи дека секој треба да знае кога треба да се повлече, во моментите кога се уште е на врвот, а кога ќе почувствува дека нема да може да го даде својот максимум.

– Мојот став останува непроменет по прашањето за „пензионирање“. Првиот момент кога ќе почувствуваш дека некои работи ти претставуваат тешкотија, треба да се повлечеш – изјави Филип Лам.

Германските медиуми најавуваат дека Лам би можел по завршувањето на фудбалската кариера да остане да работи во Баерн Минхен како спортски директор, менувајќи го на оваа функција Матијас Замер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top