Екипата на Рома иако важеше за голем фаворит против Болоња во последниот натпревар од 32.коло во Серија А лигата, одигра само нерешено на „Олимпико“ (1-1).
Бодот на гостите е уште поголем ако се знае дека во Рим допатуваа без петмина стандардни првотимци. Салах двапати го погоди дирекот, но Болоња прва поведе со голот на Росетини во 25.минута од мечот.
Спалети на почетокот од вториот дел во игра го уфрли Тоти, а тој му асистираше на Салах за израмнување во 50.минута. Сепак, „волчицата“ до крајот не успеа уште еднаш да го пронајде патот до мрежата на противникот.
По ова реми, Рома е третопласирана на табелата со шест бода негатива во однос на второпласираниот Наполи, но и шест бода повеќе од четвртопласираниот тим на Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)