| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт во истрагата за убиството на Јелена – главен осомничен е маж ѝ Зоран

јелена

Белградската полиција има главен осомничен за најмистериозното убиство што последниве години се случило на овие простори. Како што дознава српски „Телеграф“, по повеќедневна истрага и деноноќна работа на терен, личноста за која најмногу се сомневаат дека го извршила убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е, сепак, нејзиниот сопруг Зоран.

-Главна причина е фактот дека Зоран двапати не го помина полиграфското испитување, иако во медиумите се појавија поинакви информации. Тој двапати падна на детекторот за лаги, а освен тоа, исказите што тој го даваше во неколку наврати се преполни со дупки и со нелогичности. Имено, во исказот навел некои неверојатни детали кои се однесуваат на други лица, се сеќава на човекот со стап, непогрешливо го опиша тој стап и други детали, а не се сеќава на клучни работи кои се однесуваат на последната средба со Јелена, како ни алибито – вели соговорникот на „Телеграф“.

Исто така, една од сомнителните работи е фактот дека телефонот на Зоран баш во времето на извршување на злосторството бил исклучен, што укажува на можноста дека телефонот бил намерно исклучен и дека сѐ било однапред испланирано.

Изворот, сепак, не ја исклучува можноста дека во убиството учествувале повеќе луѓе.

-Се сомневаме дека во прашање е злосторство од страст и дека имало еден извршител, но и сомнеж дека во подготвката на злосторството учествувале повеќе луѓе, или помагачи. Сепак, главен осомничен е Зоран и се работи на подготовка на обвинение за него и апсење – заклучува изворот на „Телеграф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top