| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како Бугарите се справуваат со мигрантите (видео)

Аматерска снимка од Бугарија покажува како Бугарите се справуваат со мигрантите, односно како вооружени селани организирани „за заштита на границата“ фатиле тројца мигранти, им ги врзале рацете и ги легнале на земја. Снимката ја објави британскиот јавен сервис, а беше дел и од бугарските медиуми

Еден од локалните жители организирани за заштита на границата од мигранти на тројцата заврзани им вика „Бугарија не, вратете се во Турција“ Видеото е снимено во Странџи, во ридскиот дел на границата со Турција.

Бугарија крена 95 километри долга ограда од бодликава жица.

Според граничната полиција таквите апсења се незаконски.

Мигрантите на снимката вечат дека се Авганистанци.

Самоорганизираните селани, од кои најмалку еден е вооружен со мачета, стојат под стебло, а еден од нив им велли на мигрантите на лош англиски јазик да се вратат во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top