| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка

Dik Izborna komisija spisok procistuvanje (2) (Custom)Државната изборна комисија на денешната седница со седум гласа „за“ и два гласа „против“ го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка.

– Од вкупно 87.352 прашалници доставени до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за спроведување на теренските проверки, до ДИК вратени се 87.074 прашалници. Недостасуваат вкупно 282 прашалници- наведуваат во денешното соопштение од ДИК.

Оттаму посочуваат дека се пронајдени четири дупли прашалници во подрачното одделение на ДИК во Центар. Во соопштението е наведено дека недостигаат дел од прашалниците во подрачните одделенија во Карпош, Чаир, Гази Баба, Велес, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски на седницата предложи анкетарите и контролорите од подрачните единици да поднесат извештаи во кои ќе ги изнесат причините поради кои ги нема прашалниците и ќе ги наведат имињата на лицата на кои се однесуваат тие анкетни листови.

Според Чичаковски не треба да се прави драма, бидејќи методологијата за прочистување на Избирачкиот список нуди решение и за ваква ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top