Младиот брат на Абделхамид Абауд, Јунис Абауд отпатувал од Сирија во Белгија со само една цел – да се одмазди за смртта на неговиот брат, кој воедно е и најмладиот активен џихадист на Исламска држава.
Мозокот на терористичките напади во Париз, постариот брат Абауд, во јануари 2014 го одвел помалиот брат во Сирија каде детето веднаш се приклучило на ИД и започнало со обука.
На 28 февруари Интерпол пресретнал телефонски разговор помеѓи Јунис и неговата сестра Јасмина која живее во Белгија. Во телефонскиот разговор тој и рекол дека пристигнал во 10 часот.
Исто така, неговото доаѓање во Европа го најавила заканата на терористите на Фејсбук, во која било наведено дека Јунис наскоро “ќе го одмазди својот постар брат”.
Во досиејата на Интерпол тинејџерот се опишува како терорист, убиец и војник на џихадистите. Силите за ред имаат наредба да “веднаш да го сопрат и да го приведат”, иако се предупредени дека можеби го променил изгледот и дека патува под лажно име.
Семејството на Абауд живее во бриселското предградие Моленбек, кое важи за “мека на џихадистите” во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.