| четврток, 6 декември 2018 |

Интелектулаци до лидерот на ДУИ: Ахмети, не ти се плашиме!

kim mehmeti

Ким Мехмети, Рамадан Рамадани и Арсим Зеколи вчера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети му упатија отворено писмо посветено на неговите последни изјави, во кое јасно му велат “Ахмети, не ти се плашиме!”

Тројцата албански интелектуалци, реагираат на пораките кои Ахмети ги упатувал на албанските публицисти, интелектуалци и аналитичари, посебно на онаа која тој ја истакнал дента кога во Македонија пристигна Јохан Тарчуловски.

ramadan-ramadani

-Јас имам порака до сите кои мислеле и во иднина ќе мислат дека ДУИ е сила која му наликува на жар. Ако ја допреш Ќе те изгори- рекол Ахмети.

Тројцата интелектуалци пак за оваа изјава на лидерот на ДУИ велат дека Ахмети до сега два пати ги споменал, и не сакаат тоа да му се случи уште еднаш.

-Да ве потсетиме на едно основно правило кое го знаат сите кои имаат формално образование:коментаторите на јавното мислење не се дел од процесите, туку само набљудувачи на истите и на појавите. Сакаме да ви кажеме дека јагленот е изгаснат жар, и доколку во иднина сакате да ни се заканите со метафори, внимавајте како ги употребувате истите, затоа што кога ги употребува човек кој не го знае нивното значење, тогаш тоа може да личи на лаење- се вели во писмото на тројцата албански експерти.

Тие во писмото до Ахмети велат дека ги знаат сите негови пропаднати аналитички обиди во геополитиката, литературата, во минатото, општеството, во верата, но во овој момент тие биле фокусирани на сегашната шема на политичко вазалство, која според нив, Ахмети ја практикува со страв и недостаток од знаење и персонален лидерски капацитет.

arsim zekoli

-Ние го знаеме нашиот грев, кој и да ни го простат другите, ние нема никогаш да си го простиме себе си. Ние со нашата маленкост ви помогнавме на времето да дојдете во Скопје, со надеж дека нема да јагленисувате и да станете жар кој ќе го држи запален огнот на демократизација на албанското општество и на слободното албанско мислење. Затоа немојте да си мислите дека Вашите закани ќе не присилат да се откажеме од нашите убедувања- се вели во писмото.

Според нив, паднале сите Албанци на српските кралеви, сите Албанци на Пашиќ, Тито, Колишевски, Ранковиќ, Глигоров, Георгиевски, Црвенковски, сите кои по своеето вазалство наликувале на параполитичкото однесување на Ахмети, во сенка на Мијалков и Груевски.

-На овие простори минале многумина со идејата за слобода и албанство. Таа идеја постоеше и пред Вие да се вратите од Швајцарија и ќе опстои кога Вие, конечно ќе се вратите во Зајац, каде како пензионер на мира ќе ви стане јасно дека додека Вие се боревте да ја зачувате фотелјата која Ви ја даде Груевски, ние се трудевме да го сочуваме нашето достоинство, чест и совест- се вели во писмото.

Тројцата интелектуалци на крајот пишуваат дека :”Ние не можеме, ниту имаме намера да ја сопреме Вашата страст за покривање на вашата интригантска природа и маскирање на целосната капитулација под палката на Груевски. Свесни за вашето политичко потекло, целосно сме свесни дека Вие би можеле дури и физички да ни ги затворите устите. Свесни за вашите образовни хендикепи, го завршуваме ова писмо со јасна порака:Не ти се плашиме!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top