| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Петров размислува за оставка

Андреј Петров, генералниот секретар на СДСМ, размислува за оставка, објави дневниот весник „Дневник“.  Тој го поздрави чекорот на неговиот колега од НДП Изет Зекири, кој откако загуби на градоначлничките избори во Тетово, си замина од партијата и рече дека и самиот размислува да го направи истото.

andrej-petrov

– Kонечната одлука ќе биде донесена наредниот месец кога ќе станат јасни многу други работи во партијата и во нашето политичко дејствување. Зекири направи добар чекор бидејќи има професорска кариера и неговата успешност како човек не зависи само од политиката. Слично е и кај мене, мојата егзистенција не зависи од пратеничката плата и можам да ѝ се вратам на професионалната кариера. Од друга страна, се сметам и за одговорен политичар во партијата, јас, сепак, таму сум генерален секретар и не би можел така лесно да оставам сѐ и да заминам – изјави Петров за „Дневник“.

Андреј Петров ги загуби локалните избори во општина Карпош од Стевчо Јакимовски со убедлива разлика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top