Директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ снимил посебна емисија во знак на сеќавање на Јелена Марјановиќ кој е брутално убиена кога трчала на насип во Борча.
Саша се осврнал на кариерата на Јелена, нејзиниот прв настап, како и на 2014 година кога пејачката имала амбиција да се врати на сцената. Таа тогаш го снимила дуетот со Ќира, а сакал да ја доведе линијата во ред за да во целосен сјај се врати на сцената.
-Таа тогаш се пожали на физичкиот изглед и се сама алармираше Ми кажа дека Зоран ја будеше и таа мораше да трча . Трчаше за да ја врати старата килажа. И јас тоа го сторив кога видов колку добро напредува – кажала Инди која била блиска пријателка на Јелена Марјановиќ.
Саша Поповиќ признал дека бил изненаден кога видел како Јелена за кратко време ја довеле линијата во ред.
-Ја прашав што правиш Јеца, таа вика трчам Сале, таму кај нас во Борча и гледаш тоа трчање ја чинеше живот среде бел ден – кажал Саша Поповиќ на што се надоврзала Нада Топчагиќ.
– Имаше 30 удари, мораа на погребот перика да и стават. Но таа беше силна. Таа кога ќе удреше вреќа за тренинг таа се тресеше. Јеца беше премногу силна жена. Јас сум во чудо како можел некој да и го стори тоа, морало да има повеќе луѓе или некој да ја начекал од зад грб, тоа се моите претпоставки, кажала Нада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.