Одлуката да се биде вонпарламентарна опозиција и да не се излезе на избори е став и демократско право на секоја партија. Обидите да се спречат останатите граѓани да го дадат својот глас на избори е криминал, истакна Спиро Ростовски на денешната прес-конференција.
интегрален текст
Деновиве сме сведоци на вакво срамно криминално делување на СДСМ кој на сите начини се обидува да ја блокира работата на државната изборна комисија и да не им дозволи на граѓаните да излезат на гласање на 5 јуни.
Техничкиот министер Оливер Спасовски, иако имаше обврска, одбиваше да ги потпише пропратните писма со кои Министерството за внатрешни работи одговара на барањата за дополнителни проверки за ажурирање на избирачкиот список.
Неговите послушници во регионалните комисии на министерството, исто така се обидуваа на секаков начин да ја блокираат работата и проверките за кои имаа наредба.
Генералниот секретар на ДИК одбиваше да постапи по задачите кои му беа доделени од страна на комисијата. Единствено нешто што направи Добре Јанчев е вработувањето на Јанакие Витановски, поранешен пратеник од СДСМ како прв човек во најчувствителниот сектор во ДИК одговорен за ажурирањето на избирачкиот список.
Ваквото однесување на СДСМ е недозволиво. Јавноста се увери дека измислените половина милион така наречени „фантоми“ се огромна манипулација на Зоран Заев со која се обидува да избега од изборите и да го покрие својот страв од најголемиот пораз кој го очекува.
Јавноста виде дека меѓу овие измислени така наречени „фантоми“ се најде и сестрата на Радмила Шекеринска, поранешните пратеници Јани Макрадули и Гордан Георгиев, Фиат Цаноски и неговиот син Сефер, како и ред други познати јавни личности.
Ваквите лаги на СДСМ веќе не минуваат во јавноста. Граѓаните ја прочитаа деструктивната игра на Зоран Заев и неговите блиски соработници во раководството на партијата. На граѓаните им е доста од мрачни сценарија и кризи. Граѓаните очекуваат одговорно однесување од политичките субјекти. Граѓаните очекуваат неизвесноста и кризата да биде оставена зад нас и земјата да се сврти кон она што нив им значи, а тоае отворање на нови работни места, привлекување на нови инвестиции и проекти кои ќе им овозможат подобар живот.
СДСМ веќе пет месеци партиципира во Владата. Нивните министри не понудија ниту едно конструктивно решение. Напротив јавноста во овие месеци беше сведок дека зад нив остануваат само афери и скандали. На сите им е јасно зошто е рејтингот на СДСМ таков каков што е, во длабок минус. Суштинско е тоа што ваквиот рејтинг не смее да биде причина партијата да се обиде да го оспори правото на останатите да се натпреваруваат во барање поддршка од граѓаните во фер и демократски изборен процес.
Затоа го повикуваме СДСМ да престане со подземните игри и со креирањето кризи и тензии. Го повикуваме СДСМ да излезе на избори, но доколку не го стори тоа партијата не смее да го оспорува правото на мнозинството граѓани да излезат на избори и да одлучуваат за својата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)