Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ, ги открил последните моменти поминати со сопругата.
Зоран тврди дека во сѐ има и малку судбина, појаснувајќи дека Јелена кобниот ден не сакала да трча на местото каде што имало луѓе.
-Ако од судбински аспект зборуваме за трагедијата на Јелена, тогаш е јасно дека тој ден ништо не можев да сменам. Но постојат моменти кои можат да се поврзат како судбински. Јелена, Јана и јас тргнавме на трчање и првичниот договор беше да појдеме до местото каде што има лебеди и каде што патеката е долга 500 метри. Ние пристигнавме на тоа место по што Јелена кажа дека не сака да трча тука затоа што има гужва. Автомобилот сѐ уште работеше и таа ми кажа: „Леле тука е баш гужва има многу луѓе и деца, ајде да одиме на друго место“. Не чувствувам никаква вина поради ова што се случило, ниту во еден момент не се почувствував виновен – изјавил Марјановиќ за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.