| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Франција има информација дека ИСИС планира терористички напади за време на ЕП

stadionot pariz

Францускиот дневен весник „Либерасион“ открива информации блиски до полицијата во Франција, дека ИСИС планира да изврши терористички напади за време на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во јуни и во јули оваа година.

Според весникот, веста дошла од Мохамед Абрини, 31-годишниот терорист кој пред една недела беше уапсен и е осомничен дека е дел од групата која го организирала терористичкиот напад на аеродромот во Брисел. „Либерасион“ исто така пренесе и изјави на полицијата како реакција.

– Не е тајна дека терористите ќе се обидат да изведат акт за време на ЕП 2016. Нашите безбедносни служби работат секојдневно на сценарија кои се можни за терористички напади. Ако изјавите на Арбини се точни, тоа значи дека во Белгија има терористичка база и мора да бидеме многу внимателни. Џихадистите таму одржуваат средби можеби 10 години – велат од полицијата.

Европското првенство во фудбал ќе се игра од 10 јуни до 10 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top