| четврток, 6 декември 2018 |

Со пари од Светска банка се доуредува индустриската зона во Прилеп

­зона

-Во индустриската зона „Прилеп 1“ активно се работи на доуредување на инфраструктурата. Во моментов се работи на асфалтирање на улица во должина од 380 метри – нагласува градоначалникот Марјан Ристески. ­ Парите за асфалтирањето на улицата во индустриската зона, и воопшто за доуредување на инфраструктурата се обезбедени преку грант од Светска банка во висина од 7 милиони и 600 000 денари.

– Парите ги добивме поради успешно завршениот проект со булеварското уредување на влезот во Прилеп од Плетвар – вели Ристески.

Дел од овој инфраструктурен зафат ќе бидат и доосветлувањето и изградбата на тротоари. Според Ристески во индустриската зона „Прилеп 1“ експресно биле продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 7 стопански објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top