Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес е во посета на Прилеп. За посетата на индустриската зона Прилеп 1, Груевски информираше на социјалната мрежа Фејсбук.
– Ја посетив индустриската зона Прилеп 1 (Металец) во Прилеп. Вкупно продадени се 21 парцела, од кои 19 веќе имаат одобрение за градба, а од нив 5 фабрики веќе се изградени и 4 во тек на градба. По комплетирање на градбите, зоната ќе обезбеди над 1500 вработувања, со што оваа зона ќе биде една од најуспешните каде општината со сопствени сили и средства ќе обезбеди толку голем број на вработувања, пишува Груевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии